мал (прид.) - тврдина (имн.)

Исчезнатото семејство, малата тврдина чии ѕидови беа дамна урнати и чија надеж остануваше само светлината на ѕвездите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Минував низ некакво мачеништво, низ предавање на нова мисијата, со истиот наивен донкихотизам, кој немаше кој да го потсмири, ниту Мајка, ниту Татко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ваш бескрајно благодарен и со восхит кон вас Луан Старова XXV Семејството во егзил е мала тврдина на опстанокот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не престанував да си го поставувам прашањето зошто Елен Лејбовиц не престануваше да ми пишува, да навлегува сѐ подлабоко во тајните на моето семејство предадено низ литературна транспозиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Луѓето ги криеја козите, копаа во дворовите подземни живеалишта, бункери, секоја куќа небаре стануваше мала тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)