мал (прид.) - просторија (имн.)

Тука имаше и една посебна просторија Неколку дрвени скалички водеа до мала просторија без никаков прозор на неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше мала капела со прекрасни икони на светци кои беа прикачени на зидот од спротива вратичката низ која се влегуваше во малата прострија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тогаш ги палевме цигарите и во таа таинствена мала просторија долго разговаравме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но на изложбата, пред да се запознаат со темата на “Големото стакло”, гледачите поминуваат низ една мала просторија со натпис “Хомофони” (зборови што слично се читаат но различно се пишуваат).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(5) Сепак идеите внесени во основата на ова дело - предизвик и непослушност кон конвенциите - се особено евидентни во “Големото стакло” и делата поврзани со него, како и, во различна мерка, скоро во сите други дела што авторот ги направил во преостанатите години од својот живот. 106 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш сфаќам дека помалку изгледа фрикнато и ја преминувам улицата за да го избегнам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Доаѓам до едно клупче, една од оние мали простории полни со машини, каде можам да раситнам и да претворам пари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога Гоше ќе се појавеше на вратата на аптеката „Здравје“, на Ласте срцето му заигруваше, го фаќаше под рака и заедно влегуваа во малата просторија наменета за прием на стока, за да кренат по едно до две чоканчиња ракија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден број луѓе, како секогаш, беа собрани во малата просторија и бистреа политика.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рајна доаѓа од малата просторија. Става вода врз ќумбето. Работи. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јаков ја прифати песната и набргу малата просторија ја исполнуваа нивните длабоки гласови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чукам на вратата и откако добивам слободен пристап, влегувам во малата просторија на еден од петте секторски директори на Центарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Срдечно се поздрави и следен од некој џин, веројатно негов телохранител, нè воведе нас двајцата, новинарот на италијанскиот Messagero, неговиот преведувач и потпретседателот Мацура, во една мала просторија во која започна нешто што требаше да личи на интервју.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Оваа мала просторија, толку обична и толку набиена, забележува тој со некое меланхолично задоволство, овој лифт ги има во себе сите: простор, време, причина, движење, величина, класа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)