мал (прид.) - парче (имн.)

Тука, нешто потаму од чешмата, откако пред тоа ќе си ја исплакне устата од пепелиштата и ќе си го исплиска лицето, од почетокот на западниот лак, од оној негов дел што е свртен нанадвор, отсекува едно мало парче и низ неголемиот усек, прегазувајќи ја железничката линија, ја напушта Потковицата и низ нивјето и ливадите стигнува на Блатото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, како допирот на нејзината половина да ја потсети на нешто, бркна во џебот од униформата и извади едно мало парче чоколада, го скрши на половина и му подаде едно од парченцата на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќаваше сосем јасно на тоа скапоцено мало парче чоколада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невидено, малото парче хартија беше повлечено од струјата врел воздух и исчезна во блесокот на пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зениците се шират, не трепнуваат, сè е приковано за тоа мало парче мермер, што така маѓепсно го прави присутно и блиско она нејзино... - наговестено а сокриено, понудено, еве, слободно, а сепак недостижно -толку привлечно и сакано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Нека си ги имаат своите верувања, ако тоа ги усреќува, но да им се вели на малите деца „Токму ова е вистината“, значи да се оди предалеку”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доброто, Вистинитото и Убавото тој ги враќа кон нивниот локален корен, ги поместува вечните категории од небеските височини во кои тие се разбашкариле за повторно да ги врати на она мало парче земја каде што поникнале.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од утро до вечер рмбаа на малото парче земја кое што го имаа за да може тој да студира и да стане адвокат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рена под око го гледаше како брзо ги сука и потем умешно ги врзува малите парчиња памук на стапчињата од метла правејќи мали фитили, а потоа ги потопува во садчињата во кои таа пред тоа го тури маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само по неколку отсвирени ноти тој почна силно да вибрира, со едно гласно „бум” се распадна, и илјадници мали парчиња ја прекрија целата соба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не треба да ви кажам дека и плочата беше потполно растурена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чекај, кучке, утре што ќе те најдит, ти да видиш!# Утрото од рано глаила еден чоек и ја пресекла од корен, та ја исекол чоекот на мали парчиња. 'И собрала парчињата, деланчињата до ронка и 'и изгорела сите во една силна вурна и вурната ја заѕидала, вар и оросан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама, Господ коа го варди чоека, никој не можи ништо да му стори.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тоа мало парче небо, каде што јас постојам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Отаде работ се простираше празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму, на малото парче хартија, на некаков раб стоеше жена свртена со грбот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не го сметам Западниот свет за рај, но ова мало парче од светот што го претставува светот на Западната уметност невистина е рај.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Приказната продолжува. Francesco Bonami - критичар од Њујорк.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А редовно остануваше по уште едно мало парче за да се дополни, од кое никогаш не се откажувавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако ќе го свареше пилето, ќе го исечеше месото на мали парчиња, па ја кршеше и жолтата погача на повеќе мали парчиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој го клоцна. Брат му се враќаше од работа на нивното мало парче земја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се колебаше за миг, го запре здивот, и потоа бавно ја отвори раката, откривајќи го малото парче насликано платно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)