мал (прид.) - очиња (имн.)

Зад една подгрбавена, стара жена одеше друга помлада жена со жолто, испиено лице, со светнати мали очиња, со ситни, речиси детски рачиња и рамена покриени со тешка алова свила, што како магнет ја впиваше светлоста од петролејките и силно блескаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Професорката Каљопи не ни предава македонски, туку немски, а на нејзино место е една тиха, дробнолика, со силно црвена уста, со коси веѓи и мали очиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неговото срце се топлеше со љубов додека животинчињата ги креваа малите главчиња и ги насочуваа кон него своите прекрасни мали очиња што немаа капачиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)