мал (прид.) - око (имн.)

Ако овој се обидеше да му каже нешто, да го замоли, тогаш се рашируваа малите очи на сопственикот и тој со повишен глас го прекинуваше работникот: - Ајде, ајде, не сум јас добротворно друштво...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еве П.Шатев каков опис дава на неговиот физички изглед: висок, слабо лице, мали очи, остар правилен нос, црна кадрава коса, секогаш скромно облечен, личел на обичен работник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)