мал (прид.) - нос (имн.)

Кривејќи ја главата, тој гледаше кон врвот на малиот нос само со белката на очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)