мал (прид.) - народ (имн.)

Ние сме мал народ, вели, и ако не можеме да се браниме со сила и со оружје, ќе се браниме само со господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Германскиот јазик не го владеев воопшто за да можам, шпионски, да придонесам во истребувањето на малите народи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можеби и затоа тој толку жестоко ќе им се спротивстави на европските лингвисти кои ја поддржуваа тезата за создавање меѓународни јазици, кои би ги замениле со јазиците на малите народи по број во Европа, посебно балканските кои се здобиле со слобода по долгата зависност?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мал народ сме, велеше, поробен, испиен и уште да се караме еден со друг.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Токму тоа сакаа да го направат империите, да ги потчинат малите народи како нивни сателити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)