мал (прид.) - количина (имн.)

Ги конзумираме разговорите како здрави оброци, во чести но мали количини без зачини и без масло.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кај алкосите можно е да се јави цироза јетре ама тоа е случај само при патолошко пиење, додека кај малоумните џанкерчиња најчесто доаѓа до сушење на мозокот кој и онака го имаат во мали количини.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа зацртана политика, од стратезите на СОЕ, можела да се реализира единствено во услови кога на двожењата на отпорот би им биле доставувани само мали количини на оружје, а до 1943 година во суштина таква била и фактичката ситуација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сокот ги има во доволно мала количина за да го направат вистинското етерично дејство, а да не му нанесат штета на тој што го пие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)