мал (прид.) - глувче (имн.)

И, да - и мало глувче среќа дели, во кутија за кондури.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да ви речам право и искрено, тоа мало глувче некако ме возбуди, та и јас ја почувстував куќата поинаку.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едно утро кога отидов да го посетам му залепив три цветчиња на зидот и му подарив мало глувче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Првин се појави едно мало глувче и ја претрча собата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)