мал (прид.) - војна (имн.)

Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите мали војни ќе израснат во една голема војна, војна со мракот која ќе биде добиена, со силината на умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш имаме мали војни, инвазии, базирани на експерименти, обиди да се испроба технологијата, со користење над некоја нација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И, така, неволно станав сведок на една вистинска мала војна што се водеше на плоштадот „Сен Лазар“помеѓу полицијата од една и демонстрантите од друга страна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Преостануваше Мајка овој пат да се соочи со малите војни во борбата против гладот, немаштијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Светската војна овде продолжуваше во мали војни, помалку опасни од оние кај другите длабоко закарани народи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ уште мислел дека неговите луѓе без причина ја почнале оваа мала војна по која ќе се исправат од недостоплената земја со искалени лица на самоуверени војувачи пред кои штотуку почнало да се крева големото знаме на победата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)