мал (прид.) - барака (имн.)

И веднаш си правам филм за тоа како ќе изгледаат викендите по десет години во некое село на периферијата од градот, во мала баракичка Хот и Хот и двор, не поголем од триста метри.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И не се чувствуваме веќе како работници, туку како пионери, истражувачи, бевме херои, светци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш беше решено, горе, меѓу железните греди, да се направат мали бараки, за нас, како еден вид гнезда, што луѓето не можеа да ги видат од облакот вештачка магла.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)