македонски (прид.) - престолнина (имн.)

За основно јадро на македонската држава се смета областа помеѓу реките Лудиј (Мегленица) и Аксиј (Вардар) каде се наоѓале и македонските престолнини Ајга и Пела.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во таа борба победата ја извојувал Антигон II Гонат, кој во македонската престолнина Пела бил крунисан за цар во 277 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)