македонски (прид.) - писмо (имн.)

И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го успивам Одисеј на жолта еднокрилна птица над Троја и со македонско писмо се оѕивам во тревата над мојата глава.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)