македонски (прид.) - култура (имн.)

Отсуството на овој фактор е повеќе резултат на отсуството на двата претходни бидејќи тоа само потврдува едно отсуство на подалекусежна стратегија на интересите на македонската култура, која стратегија би се рефлектирала врз регулирањето на сите претходни проблеми, а би водела и кон пласирање на неколку имиња надвор од овие простори со јасна претстава каде, зошто, кога и како тие треба да се пласираат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, проблемот и хаосот во институциите на македонската култура, се потполно небитни за луѓето на кои таа култура им е наменета.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Многу длабок и долгорочен медицински проблем.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проблемот и хаосот во македонската култура не може да се реши со глобални концепти, концесии или консолидации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ниту некој ми понудил да ме купи, ниту пак некој се заинтересирал. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 71
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби тоа е трагедијата. м Дали веќе си во фаза да кажеш: тој и тој и тој се гадови (нешто слично ко Милчо што кажа), или сепак проблемот на нашата македонска култура е многу многу подлабок и подолгорочен?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проблемите и маките што морал да ги трга, се потполно небитни за публиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во последно време, речиси како некаква нова идеолошка матрица, во ова безглаво тетеравење кон (национален) идентитетет, главно допирајќи од центрите „што произведуваат свест“ (читај МТВ, „Нова Македонија“, некои издавачки куќи), се слуша отприлика следнава конструкција (која неинвентивно, во разни варијанти, неуморно се повторува каде ќе се стигне): „Македонија можеби е мала, кревка, дипломатски и политички недоволно „шлифувана“, но затоа пак македонската култура е сосем рамноправна во светот, гордост на мак. народ.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Маргина“ ќе има двојна функција: од една страна да ги „пополнува дупките“ на комуникациски рудиментарната македонска култура, а од друга страна токму треба да прави дупки!
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така што, дефинитивно, “Маргина” не е дефетистичка и декадентна периферија на оваа инфериорна (токму: дефетистичка и декадентна!) македонска култура; ниту пак е некаков манијакален мерач на време што форсира - за тоа слабичко телце - недостапна брзина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Доколку Маклабас биде успешно финализиран (завршена постпродукцијата и пренесен на филмска лента) тоа ќе биде фантастичен подвиг на Скопската уметничка андерграунд сцена и голем уметнички документ за активноста на сите овие битни за современата македонска култура луѓе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова списание, посебно од културен аспект, никогаш не би можело да ја претставува Македонија, или македонската култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овде не ја исклучуваме можноста дека публиката врз основа на нашиот настап стекна многу поповолно мислење за македонската култура отколку што самата таа култура тоа го заслужува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секако дека намерата на Маргина не е во светот да го шири поволното мислење за македонската култура - Маргина не лаже, а богами ниту краде ниту убива, а особено не во корист на татковината.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Војната околу правата на автентична репрезентација на македонската култура не е Маргинска војна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вака, растеретени од присилата на репрезентирање на македонската култура, се посветивме на попаметна работа - презентирањето на самите себе!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Археолошките наоди од овој период сведочат дека македонската култура се развивала под силно влијание на малоазиската, дунавската, како и културите од Северна и Централна Европа и Медитеранот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На народен јазик македонска култура еве веќе шири, Прилеп, Битола, Тирана, Солун, Охрид.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)