македонски (прид.) - комунист (имн.)

Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговиот став бил во согласност со реалната ситуација на теренот и во согласност со ставот на КПЈ, а исто така и во согласност и со дејствувањето на Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделни македонски комунисти, без никаква директива, а спротивно на директивите на ПК на КПЈ, учествувале на нив, а Методија Шаторов-Шарло, секретар на ПК на КП на Македонија, бил сосема во право кога демонстрациите ги оценил како националистички.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, пред сѐ, биле информации што биле преземени од окупаторските весници и главно се однесувале на судските процеси што се воделе во Македонија против македонските комунисти поради нивната активност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Демонстрациите во делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија не биле организирани од страна на Македонците, односно од страна на македонските комунисти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Бурели не беа осудени само тие дваванесетмината, туку сите Македон ци без кои ниту еден месец грчките, а со нив и заведените и послушни македонски комунисти не би можеле да ја водат борбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие биле организирани од страна на власта, односно од институциите на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)