македонски (прид.) - кауза (имн.)

И кога акцијата била готова, и патниците претоварени во чамците за спасување, тој со задовослтво констатирал: “Јас во душата си се радував што целиот пароброд ќе изгори и што нема да има ниту една човечка жртва, зашто со својата акција ние никогаш не сме се стремеле да даваме човечки жртви, уште повеќе кога се знае дека патниците во паробродот се невини по однос на нашата - македонската кауза“123.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие се афирмација на македонската кауза и се виделина на многуте заблуди, непознавања и искривувања на епската борба на македонскиот народ за остварување на национална, социјална и културна слобода и претставуваат битка за вклучување на македонскиот народ во лигата на рамноправните народи во светот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарванов, според нив, требало да се откаже од мислата за ослободување и свечено да изјави пред Судот и пред присутните дека тој е член на ЦК на МРО, со што би извршил голема агитација меѓу туѓиот свет во полза на македонската кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)