македонски (прид.) - идентитет (имн.)

Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, на македонскиот идентитет треба уште многу да се работи. - зборуваше баба ми како политичар, дури на моменти беше малку смешна ама добро ме учеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)