македонски (прид.) - град (имн.)

19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука е фотографијата на малиот македонски град во кој сум роден, мапа на Лондон, куп книги за Alexander tehnick, голем глобус; карта на астролошките созвездија, препариран мажјак на павијан со искезена челуст.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа се вика координираност. * Овие шест писма имаат многу наслови: Олеографски приказни, Грбавецот и Невестата, Во сенката на војната, Дијалог, итн. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 83 I дел Во станот на mr. Backon постојат чудесни нешта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прекинатото чувство на „изгубен Германец“ (изрека останата од времето кога еден источен македонски град, опкружен со планини, германските војници го нарекле „крајот на светот“) бараше да излезам од рамките на својата еднонеделна потрага по одговорот на големата сложувалка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, љубовникот, ако се приближи, може да биди дека од закрилата на тешкото актерство тело ѕирка главичка со зашилени уши на една чивава што се обидува да лае.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кон крајот на 49 пристигнал во македонскиот град Филипи, каде надвор од ѕидините на градот ја одржал и првата христијанска проповед на тлото на Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Римјаните ја укинале македонската функција епстат (царски претставник во македонските градови).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој мирен период во повеќето македонски градови функционирала локалната самоуправа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Стоби бил единствениот македонски град со статус на муниципиј, додека Тесалоника, Амфипол и Скотуса имале статус на слободни градови.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Предлогот да се убие Гарванов како одмазда за изгубените 1.000 кг динамит и скратување на можноста гемиџиската акција да се прошири и во други македонски градови бил прогласен за некорисен, бидејќи со тоа не се постигнувало ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мерџанов да се заземе пред Егзархијата за да се назначат учители по македонски градови така како што предлага ЦК, се јавил сериозен спор што бил од принципиелен карактер по прашањето за односите меѓу атентаторите и ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои весници, како „Le Temps“ и „Die Zeit“, пренеле вест според која Македонската револуционерна организација планирала да нападне разни европски претпријатија во некои поголеми македонски градови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Една зимска приквечерина, кога се вратив од Лерин по една од моите чести посети на тоа убаво македонско гратче, ја затекнав мајка ни како плаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го фатив погледот на татко ни и во истиот момент ме облеа некое спокојство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)