македонски (прид.) - војска (имн.)

Сите преземени воено-политички мерки од страна на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија, кон крајот на 1944 година го заокружувале процесот на формирање на македонската војска која капитулацијата на фашистичка Бугарија ја дочекала како респектирана воена сила од страна на сојузниците, а на политички план ја верифицирала дотогашната борба на македонскиот народ за формирање на држава како пиемонт за обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во овој период на воен план од мали партизански одреди се формирала македонска војска48 која со успех, за сите четири години на војната му се спротивставувала на германскиот, бугарскиот и италијанскиот окупатор.49
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во првите години од војната, одбранбените позиции на македонската војска биле цврсти и не го оневозможувале навлегувањето на Римјаните во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беласица кога македонската војска била поразена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во жестоката борба македонската војска била целосно поразена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки македонскиот јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Информацијата за одржувањето на заседанието Британците ја добиле на 15 август 1944 година, а првиот пишан документ бил добиен на 18 август 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Рузвелт, а во нив се истакнуваше придонесот на македонската војска во борбата против нацифашизмот и вековниот сон на македонскиот народ за формирање обединета, независна и самостојна македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таму е Гочева бригада, македонска војска млада.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Двајцата загинати (непогребани останаа во Планината) од Македонската војска беа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)