македонски (прид.) - владетел (имн.)

Во времето на македонскиот владетел Филип II и Александар III Македонски Пајонците биле македонски сојузници и учествувале во голем број битки кои ги воделе Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во времето на македонскиот владетел Антипатар, Пајонија била во состав на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
151. Спротиставеноста помеѓу македонскиот владетел Марко и српскиот кнез Лазар Хребелјановиќ /1329-1389/ е заснована главно врз различната позиција и практичната политика на двајцава владетели: додека Марко беше турски вазал, Лазар беше независен владетел што им се спротивстави на Турците, па следствено и против Марка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во времето на владеењето на македонскиот владетел Аминта I (540-498 г.пне.) Пајонците го загубиле делот западно од Аксиј до морето, а Персијците ги освоиле областите околу долниот тек на Стримон.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За време на владеењето на македонскиот владетел Александар I (498-454 г.пне.) Пајонците ја изгубиле и Амфакситида, Мигдонија и Крестонија како и областите околу Пангеј.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)