македонски (прид.) - борец (имн.)

Од тие причини на 16 мај 1944 група борци и активисти, на чело со Наум Пејов, се одделиле од ЕЛАС и се префрлиле на територијата на Вардарска Македонија и барале одлуката на КПГ да се повлече.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но јас не знаев дека формирањето на КОЕМ требало да биде губилиште на македонските борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преговорите завршиле со решение за враќање на македонските борци и активисти во редовите на ЕЛАС. 343 Pentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 344 Според извештајот Светозар Вукмановиќ-Темпо им се обратил со зборовите: “Придружите им се на аидартите или на партизаните, по ваша желба и борете се против непријателот и по војната одлучитеза вашата политичка судбина со слободно гласање како што е напишано во Атлантската повелба“. PRO WO 202/396. 345 Ibidem. 346 PRO WO 202/168. 347 PRO WO 202/396. 348 Патрик Хаџисон Еванс (Patric Hutchinson Evans) е роден на 1 декември 1913 година во Рединг (Reading) Беркшир (Bercshrie).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Зошто македонските борци не застанаа во одбрана на тие 12-мина?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дел од македонските борци и активисти не сакале да ја прифатат донесената одлука.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)