македонски (прид.) - аспирација (имн.)

Опасноста за Грција, според Британците, растела и од можноста Бугарија да ѝ го отстапи на федерална Македонија делот на Македонија под Бугарија, со што се зголемувале „традиционалните македонски аспирации на сметка на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, Британците биле решени со сите можни средства да се спротивстават на секој договор меѓу Југославија и Бугарија што како таков би бил само „првиот чекор кон евентуална федерација“, а во која, тие биле сосема сигурни, дека „првенство би им се дало на југословенските аспирации спрема Грција“. 148 Колку и да настојувал Черчил преку формирањето на единствената југословенска влада да задржи нешто од британските интереси во Југославија, сепак дошол до сознание дека Тито е еден од најголемите приврзаници за што поцврсто единство на КП и источноевропските земји на „народната демократија“, под неприкосновеното водство на советската партија и Сталин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во разговорите со некои од протегеровистичките членови британските агенти заклучиле дека во нивните изјави немало ништо „ниту за македонските проблеми ниту сугестии за политичките qui pro qui и ние веруваме дека протогеровистите ќе работат против Германците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа смисла тие сметале дека при работата со "македонските (терористички?) групи има ризик дека тие може да работат против Југославија и Грција", но во однос на протогеровистите сметале дека тие се веројатно "повеќе или помалку се загрижени за германските закани на бугарската независност отколку со македонските аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)