луксузен (прид.) - хотел (имн.)

- Е, токму затоа, заради тој луксузен хотел, каде нема да може со нас да дојде и Мацко.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Инаку, Будимпешта респолага со многу луксузни хотели, со многу бистроа. И слаткарници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно лето, опуштен во меката фотелја на апартманот 15 во луксузниот хотел „Сплендид“, реши да почне со пишување на елоквентни статии за левичарските студентски весници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Допатуваа во градот каде требаше да поминат повеќе месеци. Се сместија во луксузен хотел.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)