луксузен (прид.) - стан (имн.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мириса морето и Солун за првпат му се чини дека има пријатна арома, не онаа мешаница од мириси од чаршијата и пристанишна смрдеа што постојано му ги дразнеше нежните ноздри.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)