лојален (прид.) - кон (предл.)

Откако во хор сите ќе се заколневме на лојалност кон социјалистичките идеали, станувавме пионери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој не нудеше практично ништо, освен општествена почест и доказ за лојалност кон идеалите на режимот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со развитокот на бирократско-корпоративниот капитализам се губи таа индивидуална авто­номија, владетелскиот круг на луѓе станува хетерономен: неконформизмот на протес­ тант­ската етика се заменува со насоченоста кон признавањето од страна на социјалната група, на која � припаѓа индивидуата; Идеалното Јас радикално ја менува својата содржина и некако станува „внатрешно”, се состои од исчекувањата на соодветната старосна група на околината, такашто изворот на моралното задоволство веќе не е чувството дека наспроти притисокот однадвор сме останале доследни самите на себеси и сме ја извршиле нашата должност туку повеќе чувството дека лојалноста кон групата сме ја ставиле над сето останато.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога размислувам за тоа време сега, сметам дека неговите искуства во Првата светска војна, во тенковскиот корпус во Африка, и во кралскиот воздухопловен корпус мора да оставиле голема трага во него, а и несреќниот живот со мајка ми... но тој никогаш не ми зборуваше што му значела „војната” лично и, како што си претставувам, имал премногу големо чувство на пристојност и лојалност кон неа за мене да ми зборува за таков вид нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, изразувајќи лојалност кон Византија набргу бил ослободен и поставен за управник на Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но тој ми зборуваше за неговите односи со неговите колеги на работа во „Мејнс” (мрежа од електрични кабли што одат под земја во градовите) а претходно имав слушнато некои работи и за неговите односи со татко му.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)