лош (прид.) - мисла (имн.)

Она место кај што спасителот вели: поарно да си го ископаш окото, отколку да погледаш жена со лоша мисла.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што значи „природно исправна“, неспособна да помисли лоша мисла?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, токму така. без да знам дека во главата ми се вртка каква било лоша мисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просто се чувствував како да се борам со злото во мене. Одвај се извлеков од лошите мисли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Скраја да е вашата лоша мисла! Рада е и жива и здрава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не смеев да се препуштам на лоши мисли. Жена ми Агна, во едно писмо ми пишуваше: „Не смееш да се препуштиш на чувството на малодушност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден момент го опече лоша мисла, помислата дека таа само го користи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стрина ти Стојна те моли, ако можеш, нешто за Славчета да сториш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Немам лоша мисла...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На колкумина им пошло од рака, без лоша мисла и сарказам, да го стават малиот човек на пиедестал?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Море фати се за работа старо аро, напади ги лошите мисли!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се смееше како што се смеат децата, без лоша мисла, без математика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во оваа ноќ луѓето личат на деца, а децата секогаш се без лоша мисла. Тие само бараат и откриваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зборува за банда на хипнотизери кои го фатиле и во главата му уфрлиле лоши мисли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не сакам со лошите мисли да го оставам насамо. И настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)