локален (прид.) - партиски (прид.)

Кутриот актер, мисли да ме пријави на некои од локалните партиски моќници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но таман договорот малку ќе легнеше на земја, некој локален партиски шеф ќе се полакомеше да грабне уште некое собиче за својата партија, па така договорот се кршеше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Макар што во салата имаше тивки негодувања, особено од страна на локалните партиски раководители, а се разбира постојано од Јагулче Дримски, што гласни, што во мислите, сметаше дека е вистинскиот момент да ги изнесе своите заклучни согледби и пораки, во кои не можеше да се ослободи од духот на својот учител Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)