личен (прид.) - корист (имн.)

И Арсо Арнаутче побрзал да побара поток, рекичка или каква и да било друга вода за да се измие или да се искапе подалеку од сите сомневања што можеле да му ги согледаат намерите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соросоидот е спремен во секое време да ја предаде и продаде сопствената држава само заради лична корист.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа никогаш не одобри ни една нивна комбинација, ни една работа која целеше, преку разни ветувања, преку насилство и грабежи, да им осигури лична корист, кариера.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лозан Перуника се чувствувал како крадец што за лична корист ја завлекол раката во тајна печалба на туѓа душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но за жал малкумина се оние кои се спремни да ја запостават личната корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)