литературен (прид.) - кружок (имн.)

НАЦИ-ФАШИСТИЧКИОТ НАПАД НА КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА Втората светска војна (1939-1945) претставува најголем воен судир во досегашната историја на светот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
ЈАКОВ: Господине претседателе на литературен кружок, фабрикант на сапун, потпретседател на општина, секретар на друштво за француско славјанско пријателство, почесен член на друштвото за филателисти, откаде во вашата зрела фаза толку омраза за еден луд дилетант?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нѐ повика на состанок на литературниот кружок, за да ни ја образложи програмата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го водите литературниот кружок, ја собирате младата интелигенција, држите предавања за религија, револуција, местото на уметникот денес, вам капата долу.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Врз основа на истите национални позиции дејствувале и членовите на Македонскиот литературен кружок во Софија 1938-1941.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Го кажав тоа бесно и гневно, не затоа што ми пречеа ората и народната песна, туку тоа што Луција не ме удостои со ниту еден поглед, откако почна состанокот на литературниот кружок.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)