летен (прид.) - попладне (прил.)

Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да ѝ раскажува на Џулија за нешто што се случи или, поточно речено што не се случи, во едно друго спарно летно попладне, пред единаесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)