летен (прид.) - време (имн.)

Летно време, тоа количество би било нешто помало, но не битно помало, бидејќи двата извора за кои стануваше збор, тоа го потврди Михајло, а знаев и јас, не го намалуваа значително количеството на вода лете, наспрема зимата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е туристичка Варна, тоа е она место за рекреација во кое летно време итаат да најдат одмор и разонда десетици и стотици илјади луѓе...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И јас сум портретист, но летно време се живее подобро.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Летно време тревата најбргу узреваше и венеше токму во таа валта, но затоа пак пролетта првото планинско цвеќе го садеше тука, а и доцните есенски цветови последни догоруваа на ова место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но летно време, не за долго, се префрлуваа и ваму, во Рамни Ливади, додека да ја завршат жетвата и косидбата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Летно време, по сенокосот, тој и дедо му и си спиеја во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само по еднаш на ден, летно време, тука во дворчето пред куќата на периферијата во која живеам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Летно време реката се претвора во поток.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во продолжение во источниот ѕид од куќата, е кренат заштитен ѕид од колци исплетени во врбови прачки за да го заштити дворот да не го подлокува него езерото; на северниот ѕид од куќата залепена е плевна со покрив од слама, поцрнет и згниен; од неговиот гнилеж во пролет изникнуваат разни тревје и по некое житно стебленце чиишто семиња паднале тука од ветрот или од птиците, и тие зеленеат и живеат сè до летото кога сонцето ќе им ја истрга влагата од северните ветришта и студови; до плевната е залепен мал готварник, кој летно време служи за готвење, за перење, за сушење месо; оградата на дворот е крива-права, со штички кои не се со иста височина, со колје кои како да се редени: некои дење, некои ноќе; на места е пренапната и раширена оградата, како детско оро што неправилно се оптега; на оградата има врата доста повисока од неа, покриена со мала стреичка за да не кисне на дождот; на вратата има ѕвонец кој при отворање и затворање на вратата, одекнува со непријатен ѕвек како камбана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се сеќавам на промената на зимско во летно време, која ти ги нарушува активностите својствени за темница, а во 21 часот по она летно време беше ден, а по ден тоа одеше потешко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Летно време е, ништо не трае, затоа го кријам кај што е поладно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште од нејзината прва недела во санаториумот, ноќната болничарка без заобиколувања ѝ предложи да спие со неа во стражарската соба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со длабок и јасен глас, нејзината сосетка ѝ одговори: – Во најдлабоката бездна на пеколот. – Велат дека ова е земјата Маура – рече некој друг, далечен глас, кој одѕвонуваше низ спалната. – И навистина, тоа е точно, зашто летно време, кога има месечина, се слуша како кучињата му лаат на морето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постариот брат спие на машкиот кат, а помладиот — на женскиот, доколку летно време не спијат сите во дворот под покривачот на синото небо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турски офицер на 1.000 души аскер биро — јуначе (Ајде, биро бе — ајде јуначе бре) бити-вајда — се стори, беше работа благота — млечни производи: сирење, маст, урда бобовица — прат ргав качење бојов — еден дел од везот на женска кошула на долниот крај одѕади болка — Во овој случај жената Стојова не ја бива за ништо бонгур — крупно мелена пченица место ориз бош — јалов брези магарици — во см. видни, утледни, во нив секој ќе се загледа бришалче — шамивче за нос букаре — дрвен сад за вода буле — кравајче, малечко лепче бутурисан — поттурнат, прекаран вапцима — бојадисано предено варија — специјален турски жандарм што ги брка арамиите веда — вештица везотница — везана кошула, саѓија велјо — големо велја среда — среда пред Велигден верушки — вериги. синџир на кој се обесуваат котлите да се топли нешто на нив виа — 1) овие; 2) брза (Имам виа работа — имам брза работа) вијам по дирата — ќе му ја барам дирата, трагата со жал; ама нема да му ја најдам вит — неповрат, далеку, неизмерно далеку владичката — за секое венчање зетот плаќаше во турско време 1/2 лира за владика влачи — овде: си го чука умот ваа — оваа вов'чам — ќе се ослободам, овештам воденик — штица на која се клаваат садовите со вода, букарот, ѓумот и бардаците вој — овој волеса — бива (не те волеса за ништо — не те бива за ништо) вра — врав, снопје насадени на гумно за вршење вратика — горска миризлива трева врзана коска — зрела особа, на време вурдук — цигански шалвари вутно — предено за унечки-фути вутче — уничка, престилка гаглак — слабуњаво дете, рахитично галати — псуе галиба — ама, ете, тукуречи голтарачка —гола, сиромашка грабенко — детско или старска боравена кошула, не алова, црвена гребнарка — направа за влачење каде се клаваат гребните грепка — брнка од дојка грниче — шамивче за на грло, на гуша грувам — ќе работиш што си се нафатил иако не ти е пријатно гушале — шамивче за на гуша да ги закрива градите оти кошулите на Мариовките се многу отворени и без петлици давија — тужба далак — болест (далак) дамка — жиг по дрва или стока дартма — крпа за лице бришење даше — јагне домашно кое обично девојчињата го пасат летно време двајстипет — кове од тенеќија од 25 драма декика — минута декцан — мил, добро му дошло што е дошло декшава — согласен, пристанува дели — нешто се разликува од другите дерт — болест по децата дечуманец — дечиште дизг (ск) — специјален тас во црквите на кој се собираат пари дип — сосма, веќе диќел — железна алатка со два рога за копање лозја, градини доде — даде, цеце (сестричке) дојница — овца на која јагнето ѝ е умрено докца — дотера (што те докца — што те натера да го направиш тоа) дореда — идниот пат дос — другарики достур — достаточно, доволно драк — долго танко дрво за сушење алишта (прат) дркул — старец дробни работи — утробата. цревата, дробовите и срцето од заклано животно дуда — име на девојче додека не е крстено дупкар — човек што наоѓа што бара душогубие — злочин со убиство ѓрпам — шетам, трапам без цел ѓувезно — темноцрвена боја (предено, каделка) ега — де, а де едноногиот — ѓаволот елбете — сигурно, наравно ешта — апетит, волја земник — визба зерем — значи зилјатарка — завидливка злов — лут, опасен, лош ѕверам — гледам во некого или во нешто со алчност со пари на синџир или подврска ѕидиница — урната куќа од која стојат само ѕрнѕурки — накип ѕрцки — очи изведит — строен, висок извреснам — искочувам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Водениците летно време не работеа, зашто потокот намалуваше и немаше доста вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„И Филип ќе оди, да знаеш - супер ќе си поминеме“ „Во оние борови шуми на Малешевските Планини, па и крај вештачкото Беровско Езеро секако е пријатно и летно време“, се обидуваше Влатко да разговара со Теми, која божем незаинтересирана го слушаше разговорот и како да бара нешто меѓу учебниците и тетратките.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо ми и баба ми, чинам, се разбудуваа и пред мајка ми или татко ми, ама се таеја во постелата сè додека мајка ми не го свареше планинскиот чај зимно време, и кафето измешано со повеќе печен и мелен уров летно време.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А реката Луда Мара што тече низ селото, секната, летно време немаше вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Летно време реката се претвора во поток.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)