лесен (прид.) - начин (имн.)

-Те слушам, и ми изгледа лесен начинот на самоконтрола – рече Еразмо, чепкајќи по тревата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во прво време, според плановите што ги кроеле, пари требало да најдат на брз и лесен начин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако се навикнете да имате пари и да ги трошите на лесен начин, подоцна колку и да заработувате, никогаш не ќе имате доволно - зашто вашите желби, вашите потрошувачки апетити секогаш ќе бидат над вашите можности.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Сепак на лесен начин си дошол до ‘стаф’.“ Момчето воздивнува резигнирано.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако таму духовно растеме, на брз и лесен начин стануваме она што сакаме да сме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе се роди кај некого желба да измами другого, ќе се појави желба да се излаже, желба на лесен начин да се дојде до корист, преку грбот на други.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само чувствата дека градите на чудесен лесен начин им се проветруваат, очите не знаат врз кое дрво, врз кое ритче да запрат, а душата се шири како да не постојат граници на човековото воодушевување и радување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)