лесен (прид.) - живот (имн.)

„Не вревете, Атињани“4 јавните места, амфитеатрите и пантеоните ги имате за провод и лесен живот за парење и галење слугите не се за отфрлање ни робовите, млади и помлади не сте вие, граѓани од неслобода засегнати од немаштија и немоќ, напротив вие гласате, беседите, мезетите вие освојувате и патувате наследувате и ќарите мажи многубожни и безбожни дури време е, скрасете се доста пребиравте меѓу реториката и политиката меѓу мантиката и математиката во вештини, о самољуби, доста се огледувавте се наттрчувавте и надмудрувавте заговаравте и преговаравте недоветни доста се правевте: сиромашните се собираат по плоштадите агорите и аулите првин тивки и потем бучни првин слаби потем силни првин малку потем многу!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Луѓето, како силуети, се вовираат по тесните и кривулести улички, влегуваат во бистроата и кафеанчињата, во баровите, кои однадвор се обоени со интимна црвена светлина и внатре, под звуците на некакава музика, редовно од плочи, се впуштаат во лесен живот, за една ноќ, а можеби само за миг, со некоја убава блондинка, додека се има пари таа да се почести со чаша пиво или со жесток пијалок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)