латински (прид.) - поговорка (имн.)

Има една латинска поговорка, - рече таа, - која гласи: „De gustibus non diskutabant“, а значи: „За вкусовите не се дискутира“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Една латинска поговорка вели дека книгата има своја судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие се овековечија во латинската поговорка, но останаа и како жестока метафора, да потсетуваат на правото на посилниот над послабиот. Картагина треба да биде уништена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Им велеше: Има една латинска поговорка која вели: ”In metu, ocali Laxaht et cor premit” (Во страв очите се шират, а срцето собира).
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му се случуваше омилената латинска поговорка дека секоја книга има своја судбина. Оваа посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Читателот во вашата земја не е обичен потрошувач на книжевните добра, туку е субјект.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)