ладен (прид.) - вода (имн.)

Го зеде коритцето од под глава на Доста, го прибра и ѓумот со ладна вода, направи за прво капење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со внимателно подготвување од мали нозе, со игри и со ладна вода, со глупостите со кои беа хранети во училиштето и во Шпионите и во Младинската лига, со предавањата, парадите, песните, слоганите и херојската музика, природните чувства им беа искоренети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со топла и ладна вода за миење. Со добро снабдена кантина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И готвените јадења подолго ќе можат да се сочуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш од купатилото се врати Азра која во меѓувреме со ладна вода се испрска под мишките и меѓу нозете и гласно негодуваше за шиштењето на славината над кадата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пченицата се мие во ладна вода: низ две, низ три раце, што се вели, низ три води ќе ја поминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другата ноќ веќе одам слободна, што се вели, не се стегам, како во ладна вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седни, сега Пелагија ќе донесе слатко и ладна вода, седни да си поприкажиме јас и ти за да можат и тие две сестри да си кажат нешто насамо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На та првната удајка су топла и ладна вода и су але у н'тре!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Да се мијам со ладна вода на пумпа во двор?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секоја утрина, лете или зиме, се миеше надвор на чешмата, гол до појас, и не излегуваше од дома пред да се избричи, макар и со ладна вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По првата реакција на “напнатост”, како ненамерна контракција на мускулите кога ќе се вкочанат во ладна вода, станав свесен за изостреноста на својата перцепција.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Трајче се врати и донесе полна матерка ладна вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вели: Јас ќе извадам ладна вода од бунарот, ќе ставам една лубеница да се излади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ми направила зелник и ја ставила тепсијата на глава, на рамото стомната со ладна вода, а во рацете чорапот, го плетела одејќи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Направила ручек и еве ти ја, на главата ја ставила тепсијата со ручекот, стомна со ладна вода и чорапот на гушата, за да не изгуби во време.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Клај му ги во ладна вода прстите, вели Мисајле Ковачот, оти ќе го фати подноктица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас носам ладна вода: му ги мрцкам прстите, му ги жулам, му ги тријам и прстите и вратот и ушите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)