кутар (прид.) - мој (прид.)

И за раните твои да не болат, се молам и секогаш кога на носилки ранети носам, се молам и сал си мислам, кутрите мои да не стасале дома, чедата мои, големи и мали?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неусетно разговорот се префрли за исхраната, и Францизунката одвреме-навреме, се уфрлаше во разговорот само со една фраза, која постојано ја повторуваше, со видлива загриженост: - На мојот мил Жак денес не му купив месо, кутрото мое мало!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ах, кутра моја моќ, пусто женско тело ми уништи сѐ , похотно и бело.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И одеднаш кога така размислував сфатив дека кутриот мој добар татко воопшто немаше време да се одмори, ниту некаде да излезе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Баш бев среќна што си имам свое сопствено детство!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас бев на филмски фестивал, а кутрата моја мајка мора да слуша некаква глупава „Сто и една приказна“ и да си легнува во осум часот. Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто така, ми се случуваше многу често да ја измачувам и мајка ми со таа моја желба и мака, постојано надевајќи се дека еден ден ќе сфати што сè преживувам и ќе стори нешто да ми ја оствари желбата и да ме спаси од маката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кутрото мое срце! Колку многу се измачуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оххх! - извика Хана - Кутриот мој татко.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кутриот мој - Карл! Тој... знаеш каде е тој? Таму кај нив. Сам. Без мене. Без мајка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако го грабна сега за душникот, помислив, кутриот Кејтен, кутриот мој пријател.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Е кутрата моја мајка, таа имаше среќа барем во смртта. Исчезна веднаш по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ах! Кутри мои нозе, рекла таа, вие веќе нема да ме носите на врвот на ридот, на своето драго тело да му понудам што поубав поглед.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти веќе нема да го нишаш моето чедо; седејќи под убавото дрво во овоштарникот кое дава храна и сенка, веќе нема да те полнам со вкусни плодови.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)