кутар (прид.) - јагула (имн.)

Но, што се случи со кутрите јагули?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кутрите јагули, кутрите јагули, си шепотеше за себе Цветан Горски, но сè уште не беше дојдено неговото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)