кутар (прид.) - суштество (имн.)

- С. не го слуша, оди кон возилото: - Само понижените ја чувствуваат сета топлина на љубовта - го прегрнува тркалото - Овој свет, полн со трговци на големо и мало, мисли и сонува за профит, а ние, чувствителните души, сме отфрлени, и газени, и возени... Мало, кутро суштество...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Постојав малку така, знам тоа ги оладува жешките глави како неговата, ама се сетив и на Алегра и на Јехуда што нестрпливо чекаа вести за првата аранжирана средба, па си велам, ако не се согласам ќе носам грев кон чистите души на тие две кутри суштества и двете желни за питома љубов и заедничко гнездо:  „Нека одат!“ - се согласив и фрлив поглед врз мајката на Алегра кога ги затвори очите и испушти нечујна воздишка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Плачеше кутрото суштество, немоќно да прозбори, дотолку оштетено од самосожалувањата на Еразмо, што за момент во него се измешаа загубената надеж од долгогодишното чекање, со силната радост, што конечно е откриено, така што, резултат од судирот на тие две силни појави се случи плачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вас кутри суштества што напаѓате жена!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)