кутар (прид.) - мајка (имн.)

Зборовите параа срце на тие што таму собрани беа, а само утехата стои пред кутрата мајка ко стена, болката неа ја скрши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки нека ги истажат барем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не престана да си кажува: - А кутри мајки ваши ништо не знаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се сожалив, ми падна жал за кутрата мајчица и се вратив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така мојата кутра мајка, имаше тука едни скали, како што реков, за што поретко да се качува по скалите - беше куца - по кривулестите скали за горниот кат, правеше корито јуфки. Така јадевме јуфки со малку путер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Имале среќа, и ние имавме среќа. Камионот не возел брзо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Жив е - тоа е најважно“ нè успокои кутрата мајка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Останале живи... не се осакатиле...“ кажуваше мајка му, а солзи ѝ се тркалаа низ бледото лице.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па сепак, додека да ја издадат собата, понекогаш би дозволиле... арно ама, нека кршат глава, само никој да не дознае! Понекогаш...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ах, нека се смилуваат, нека се сожалат на таа кутра мајка којашто пекаше оддалеку, крадешкум, да ги гледа своите дечиња!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)