кус (прид.) - ракав (имн.)

Беше во кошула со куси ракави.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето ѝ биеше в очи и повремено се засолнуваше со раката, гола до кусиот ракав од фустанот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас зедов да перам мои ситни работи на рака и една негова кошула со куси ракави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имав кладено на мене едни сини работнички пантолони и една кошула со куси ракави што ја имав само таа прана.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Русите го ексираат кога бундите не вршат работа и кога кусите ракави се топла облека.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
А ти бараш од мене да излезам на снег во куси ракави.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)