културен (прид.) - херој (имн.)

„Ми се чини дека фигурата на интелектуалецот беше специфична конструкција во која отсекогаш постоеше еден илузорен момент, од кој никогаш не се ослободивме.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој и самиот стана ѕвезда, културен херој, откако детално ја обработи својата опсесија за животот на ѕвездата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше нешто што личи на Гарбо во оваа ненадејна одлука да ја напушти својата публика која сѐ уште дигаше врева за неговите слики со Кемпбел-супите и скулптурите на „Брило“-кутиите; и имаше нека­ква логика во начинот на кој Ендиевите филмови полека се доближуваа до пародиите за холивудската неумереност - импровизираната екстраваганција со која ги претставуваше андерграунд „суперѕвездите“ како Бригит Полк, Еди Седвик и Вива. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде ни се пристори дека нашиот соговорник ја објави до реставративен сјај старата фигура на поетот како сведок а можеби и на писателот како нов културен херој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и да е, на крај, ќе те замолам - земајќи го предвид твоето веќе прилично респектибилно искуство во разни „модуси на преживување”, а освен тоа и доследноста и „искреноста” (што и да значи тоа!) на твоето творештво - да промрмориш пар зборови за помладите читатели на Маргина на коишто толку очајно во ова распад-време им требаат поавтентични културни херои и што помалку демагошки стратешки визии. Дрн-дрн...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа што, според Енценсбергер, “философските теории делуваат како волшебни сирени, пред чие заводливо пеење писателите би морале да ги затнат ушите за да зачуваат барем минимум од онаа животна наивност која ѝ е толку неопходна на литературата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според поетовиот суд, ни претстои голема ревизија на “социјалната конфигурација на интелектуалецот”, јавен ремонт на една веќе преживеана фигура на културен херој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А тој само го интензи­вираше тој момент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)