крупен (прид.) - око (имн.)

„Сѐ зависи од отвореноста / кон себеси, од искреноста / со која ја прифаќаш или не - / вистината која те опкружува и која има / големи, крупни очи кои гледаат / и отаде невидливото.“
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сето тоа му изгледаше дека го гледа во крупните очи на мајка си и на сестра си, додека гледаа нагоре кон него низ зелената вода, стотици метри долу, и натаму тонејќи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Очевидно поради неправилноста, тој зјапаше во лицето, кое во основата беше овално и со многу ситни црти, но со крупни очи, оддалечени едно од друго, и со синевина на див зумбул.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа ги подигна крупните очи погледнувајки го директно во неговите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пред себе ги гледаше топлите крупни очи, прекрасната насмевка, ја чувствуваше нежноста на неговата убава рака кога ја зеде нејзината за да ја бакне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кому досега му беше гајле што мене шест години ме стуткуваа и ме растегнуваа, додека не се претворив во некаква, од судбината осудена провинциска газела - со крупни очи и со ништо друго?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имено, невестата со крупните очи и широката насмевка не само што му роди туку и му израсна - две деца, прво машко па женско, без тој со прст да мрдне, а и мајка му без клетва да пророни врз своите килими.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)