крупен (прид.) - залак (имн.)

Но чичко Томе ја пие велгошката черешновица како изворска вода, се налева од неа и ја потиска со крупни залаци, грабнати со три прста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Заборав Дејствувањето на виенските Акционисти претставува радикален протест и пречекорување на табуата до таа мера што никогаш не било интегрирано во општествена или уметничка смисла, па поголемиот дел од апострофираната телесна уметност беше: „постојана провокација на општествените структури коишто реагираат со отфрлање - што е еден од главните ризици за уметниците по 1969 г.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За да го замолчи, Горда му ја полнеше устата со крупни залаци и Грдан не стасуваше не само да ги изџвака туку ни збор да прозбори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гого ја слушаше не за друго туку затоа што беше зафатен со потиснување на крупните залаци во прегладнетиот стомак, но кога заврши со голтањето ѝ се сврте па ја одмери како првпат да ја гледа и не да речеш да ја прекори туку ѝ се зачуди: „Мори жено, и ти понекогаш си била умна!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со крупни залаци за кратко време ја засити гладта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оттука, нема потреба да дозволиме и понатаму капиталистите да ги јадат крупните залаци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
“ (Pluchart 1978:40) Работата на уметниците што ги употребуваат своите тела, а се покажала како премногу крупен залак за културата да го проголта, неутрализирана е преку маргинализација, митологизација и заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)