крупен (прид.) - буква (имн.)

И потем ја извлеков од џебот неговата песнарка; беше малку пожолтена, но цела; на неа, со крупни букви пишуваше: „Енигма“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марија и Елена забележаа на јакната од момчето сошиени крупни букви - КАРЛ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Влатко и Теми го суредија паното. Со крупни букви напишаа: ЗАСТАНИ И ПРОЧИТАЈ!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Морници му поминаа низ телото. Тој одеше во првиот суд на слободната земја, можеби да дели правда, а на паролите, однапред, со крупни букви, беа испишани сите пресуди.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На отворената страница, некаде во дното, со големи, крупни букви пишуваше: „Соломон, циркузантот од гимназијата.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за вас новинарите со крупни букви напишале - НЕ СМЕЕ ДРИСЛА ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО НОВО ВАРДАРИШТЕ!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)