кружен (прид.) - пат (имн.)

По стариот кружен пат што ретко се употребува и поради тоа калдрмата му е обрасната со трева, стигнавме во Врондерон кое на старата карта е означено како Граждено, а пред тоа го видовме местото каде беше селото Пиксос, познато како Орово чие постоење го обележува црквата скриена под сенката на високите дабови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Асвалтниот кружен пат дава можност да се движат многу моторни возила - да речам, има голема фреквенција - па животните и ѕверушинките се плашат. Едноставно - бегаат!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И кога на Татко му се вкрсти патот со оној на Игор Лозински, тој се здобиваше со нови, уверливи, научни аргументи за да го продолжи кружниот пат на егзилот во потрага и по тајната на својот идентитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А јагулите во времето на инвазиите на европските брегови, инвазијата на сојузниците во Европа, непречено си го продолжуваа планетарниот кружен пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се разбира и овде меѓу првите страдаа јагулите, страдаше нивниот кружен пат низ планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, само јагулите ја имале судбината да го остварат кружниот пат, да го поврзуваат благиот и солениот дел на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Информациите се симнаа удолу по кружниот пат, на лентите со двојна проверка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)