критичен (прид.) - момент (имн.)

Јаничарите како и језуитите биле жестоки кон папскиот и султанскиот трон, но без нив во критични моменти тие не можеле да опстанат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„... Пиејќи во кафената „Солун“, размислував што да правам со директорот другарот Граматниковски, како да ја расчистам оваа моја работа со него и тогаш јас донесов заклучок да одам дома и да ја земам пушката што јас ја чував дома до критичниот момент, а со таа пушка кај нас беше задолжен нашиот чувар чичко Стојан Трендафиловски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во својата контроверзна одлука судијката го отфрла сведочењето на единствениот сведок кој и беше директен учесник во настанот, на база на соседски и пријателски однос меѓу него и Јакшиќ, а го прифати сведочењето на надзорникот кој беше и единствениот кој знаеше да работи и кој ракуваше со машината.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е, всушност, оној вработен кој и ја пренесе наредбата од сопственикот на фирмата, со кого прет- ходно се консултираше телефонски, а кој во критичниот момент за себе ја одбра најлесната, најбезопасната и банална работа да го измие „пиштолот“ за нанесување малтер, а на своите неискусни подредени им ја остави потешката и опасна задача на отпушување на цревото, кое беше под притисок од шест бари.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужителот кој ќе ја повлече тужбата е должен на спротивната странка да и ги надомести парничните трошоци – освен ако до повлекување на тужбата дошло веднаш по исполнување на барањето од страна на тужениот (чл. 152, ст.1 од ЗПП). 288 Мушаланов против Агенција за обезбедување Спор за неисплатен надоместок за извршена работа1 Ut labor suus cuique prosit, aequum ac ius iubet.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повлечената тужба се смета како да не била ни поднесена и може повторно да се поднесе 287 (чл. 183 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Турските власти секогаш ги криеле теророт и убиствата што ги вршеле, а роднините на жртвите, особено во такви критични моменти, немало каде да ги пријавуваат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако таа се бори за зачувување на мирот, тоа го прави затоа што сака во овие критични моменти да ѝ помогне на Русија!!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да, знам, тоа би било сосем потсвесно и не толку грубо, но просто малечка мислена супсидија во критичниот момент...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Преовладуваат слични сили, и овие критериуми на проектирање се исто толку валидни и за т.н. нормални луѓе како и за ментално болните, бидејќи во критичните моменти овие елементи се подеднакво значајни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пред неколку денови кога му раскажав какви сè мисли ми наидуваат во критичните моменти воопшто не се изненади туку шупелката што ја врткаше в раце ја остави и крена од масата едно оловно војниче.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секогаш го поддржуваше, дури и кога не ги споделуваше ризиците на не­говите патувања, на бегањето во критичните моменти, за да се врати во нејзиното гнездо на чекањето, во гнездото на заедничкото семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)