крвен (прид.) - сад (имн.)

Гледај го телово во кое монисти од твоите прсни допири сплеле набрекнати крвни садови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Во периодите на ерупциите, Сонцето, слушав во Медон, врши и многу штетно влијание врз здравјето на луѓето со заболени срца и крвни садови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко потоа ја посочи честата употреба во балканските јазици и на турските заемки: џиггер, џигерица, на турски cier (од персиско потекло igеr) и полукалките бел и црн џиггер (на турски аkсiеr и kаrасiеr); дамар, со значење, вена, жила, крвен сад, пулс, на турски damar, го има непроменет во балканските јазици; сурат, лице, образ, физиономија, со потекло од арапскиот збор suret, во повеќе балкански јазици постои како сурат; чере, за разлика од зборот сурат, се употребува за означување изглед на лицето, израз) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко потоа се задржа на турски заемки од роднинската терминологија кои и денес се во употреба во балканските јазици, коишто посебно се должат на заедничката патријархална традиција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сина крв тече низ сите крвни садови. Тоа е аристократијата на мојата душа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врзани сме со неа ко крвни садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога утредента се разбудив, ја почувстував топлината на течноста до подбрадокот и заклучив дека некој крвен сад од носот решил да излезе од системот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со рацете се потпирав на подот пред себе и додека пиев, видов како течноста се простира низ моите крвни садови предизвикувајќи во нив разни нијанси на црвено, жолто и зелено.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја отварам вратата да го пуштам момчето од бакалницата; инаку, ретко станувам од стол.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го надживеав еве има веќе три години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој умре прв, му пукна еден крвен сад во синусите, се задуши од сопствената крв во сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Лете столот го изнесувам на верандата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)