крвен (прид.) - одмазда (имн.)

Мрачните погледи на овдешните десантно настроени партизани, наместо иднина, во спомен на германско-македонското минато, сè уште бараа крвна одмазда.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Е, мила моја, кога дојдоа италијанските фашисти во Поградец, пак проработи нашата асма, тој остаток на крвната одмазда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За игра љубовна потентна алатка (клуч француски, а може и секира); Во сос похуван, рапаво сетило за зборообразување и други орални задоволства - логореа како нимфоманија, вербален деликт како крвна одмазда.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Следеше и закана за крвна одмазда, со бомба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)