крвав (прид.) - борба (имн.)

Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да влеземе во борба, крвава борба, борба за слобода!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Русија е далеку, - рече Пере Тошев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓу нив се беше заврзала крвава борба.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во Рајчани имаше крвава борба за слобода на македонскиот народ!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зар тие не го јадат лебот на мајка ми, не спијат на постела што им ја постелува мајка ми, зар мајка ми не копа ровови, не пренесува трупци и камења за градење бункери, не пренесува муниција и ранети?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прво построени по четворица, потоа во колона по двајца, по тројца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, дедо Пандо, така пораснав до оваа униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Денес ние водиме крвава борба, - почна мирно и се така околу борбата го возеше зборот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)