краток (прид.) - починка (имн.)

Во нив се вткаени сите нејзини мисли и драги лица на блиските и нешто што остана зад неа и кои во секое време - било во марш, кратка починка, украден миг за сон, во ров или земјанка, во јуриш, на носилка и под земја – се никнува пред нејзините очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Извинете ме дека помеѓу возбудените а и смирени зборови на изморениот старец им дозволувам и на моите виденија да се осоколат, беше изненадната кратка забелешка на професорот што требаше да ја најави неговата кратка починка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)